Лесно за Челси кај Краснодар, Кин го сруши Башакшехир! (ВИДЕО)

Челси и ПСЖ стигнаа до лесни победи на гостувањата кај Краснодар и Башакшехир. Англискиот премиерлигаш рутински со 0-4 славеше на гостувањето во Русија со головите на Хадсон Одои, Тимо Вернер од пенал. Мароканецот Хакин Зијех исто така се запиша во листата на стрелци, додека Пулушиќ стави точка на натпреварот.

„Сините“ можеа да слават уште по убедливо, но Жоржињо го промаши ударот од белата точка. Париз Сен Жермен со головите на екстра – талентираниот напаѓач Моисе Кин на гостински терен го совлада турскиот првак Истанбул Башакшехир.

Сепка, „светците“ имаат причини за загриженост поради Нејмар. Бразилскиот виртоуз поради повреда го напушти натпреварот во 26. минута.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .