Лекција од Зидан за Куман: Спектакл во Мадрид, Реал и втор пат сезонава ја совлада Барса! (ВИДЕО)

Реал Мадрид вечерва на домашен терен стигна до голема победа во „El Clasico“ против вековниот ривал Барселона (2-1).

Анализирајќи ги сите сегменти на играта, „кралевите“ беа подобри и заслужено стигнаа до победата. Зинедин Зидан диригентски фантастично ги постави своите фудбалери, давајќи му една лекција на колегата Роналд Куман, на кого му ја препушти топката, а со контрите им задаваше силни удари на гостите.

Средината го реши натпреварот и несовладливото трио Модриќ – Крос – Касемиро кои втор натпревар по ред си поигруваат со противниците, и тоа европски великани во имињата на Барселона и од пред некој ден Ливерпул.

Домаќините беа далеку подобри во првото полувреме. Првиот погодок го постигнаа во 13. минута кога неверојатниот Карим Бензема со пета го матираше Тер Штеген, а петнасетина минути подоцна и Тони Крос од слободен удар ја начна мрежата на репрезентативниот колега во репрезентацијата на Германија.

Реал можеше да постигне уште еден погодок преку брзиот уругвајски репрезентативец Федерико Валверде ја погоди стативата.

Каталонците го кренаа нивото во второто полувреме и тоа им се исплатеше со голот на Мингеза во 60. минута, но тоа беше се што направија на оваа средба.

Реал со оваа победа ја помина Барса на табелата и се израмни со Атлетико кој утре има тешко гостување кај Бетис.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .