Легендарниот Џермејн Дефо со голем јубилеј! (ВИДЕО)

Познатиот англиски напаѓач Џермејн Дефо пред 20 дена напони 38 години, но и понатаму продолжува да ги воодушевува медиумите од Островот. Легендарниот Дефо денеска стигна до 300. гол за клубовите за кои настапувал во богатата кариера!

Погодокот за водство на Глазгов Ренџерс од 2-0 против Ливингстон во 16. минута беше јубилеен. Ова за него беше 27. гол во дресот на „ренџерите“ на 739 натпревари.

Нормално, најмногу голови има постигнато во дресот на Тотнем дури 143, за Вест хем даде 41., за Сандерленд 37, за Бунмут 23, за Портсмут 17 и за Торонто 12.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .