Легендарниот тренер заминува во пензија? Марчело Липи си поднесе оставка!

Тренерот кој им ја донесе последната светска титула на Италија, Марчело Липи си поднесе оставка од селекторската функција на Кина. Причината за овој потег е поразот од Сирија во квалификациите за Мундијалот во 2022. година.

Кинезите загубија со 2-1 и на тој начин ја продолжија со серијата катастрофални резултати. Пред поразот од Сирија, Кинезите ремизираа со Филипините. Тие сега имаат пет бодови помалку од Сирија, а идентичен скор како Филипините.

„Ги победивме само Гуам и Малдиви. Сирија беше подобра од нас. Моите годишни примања се високи, морам да превземам одговорност па затоа најавив дека ќе си поднесам оставка. Нема веќе да бидам селектор на Кина“, кажа Липи.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .