Легендарниот Паспаљ одиграл клучна улога: Со помошта на легендарниот кошаркар, Србија има европски првак за селектор!

Србија се раздели со Саша Ѓорѓевиќ веднаш по завршувањето на Светското првенство на кое завршија на разочарувачкото петто место. Претседателот на КСС, Предраг Даниловиќ веднаш се фрли во потрага по нов селектор.

Негова најголема желба беше на селекторското столче да го седне поранешниот селектор на Словенија и сегашен асистент во Сакраменто Кингс, Игор Кокошков. И се чини успеа во тоа.

Според последните информации на српските медиуми Кокошков ја прифатил понудата на „Орлевите“ и ќе го превзеде националниот тим пред квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Токио.

Кокошков во 2017. година во финалето на ЕП, ја победи токму Србија кога неверојатна партија пружи Горан Драгиќ, а Словенија го освои златото.

Интересно, американскиот кошаркарски новинар Дејв Дефур пренесува дека легендарниот кошаркар Жарко Паспаљ отпатувал на тајна посета во САД и ја одиграл клучната улога за да се заврши договорот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .