Легендарниот Кари Пешиќ: Не би имал проблем да бидам тренер на Партизан

Еден од најдобрите кошаркарски тренери во историјата, Светислав Кари Пешиќ призна дека не би имал никаков проблем да го превземе Партизан и покрај тоа што е легенда на Црвена звезда на која и беше тренер во два наврати.

„Дали би бил тренер на Партизан? Добро прашање, немам за тоа размислувано. Во оваа сезона не, веќе донесов одлука дека нема да тренирам ниту еден клуб. Сакам да видам како ќе се развива ситуацијата со пандемијата. Инаку, не би имал никаква бариера, да бидам тренер на Партизан“, кажа популарниот Кари.

Последен тренерски ангажман на Кари Пешиќ беше како тренер на Барселона.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .