Легендарниот Жоакин жестоко удри по Куман: Не би го довел ниту за куќен помошник!

Големата легенда на шпанскиот прволигаш Бетис, Жоакин пред мечот против Барселона кој е на програмата викендов се потсети на лошата соработка што ја имаше со Роналд Куман, тренерот на Барса, кога двајцата беа дел од Валенсија.

„Да сум јас во управата на Бетис не би го ангажирал Роналд Куман ниту како куќен помошник. Ние двајцата своевремено си кажавме многу работи еден на друг. Во сабота нема да го поздравам, а нема ниту тој мене. Ме тренираше во Валенсија и тоа беше ружен период од мојата спортска кариера. Не беше пријатно, но не сакам да зборвам за тоа затоа што ми е болно да се потсетувам на тоа“, откри Жоакин.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .