Левандовски: Не можам да бидам подобро рангиран од осмо место, затоа што сум Полјак

Лионел Меси синоќа на гала-церемонијата во Париз беше избран за најдобар фудбалер во светот по рекорден шести пат. Многумина беа зачудени затоа што напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски заврши на осмото место, иако Полјакот игра во одлична форма.

„Не сум разочаран. Среќен сум што сум во вакво неверојатно друштво. Резултатите од гласањето секогаш треба да се земат со мала доза на резерва. Поради тоа не очекував подобро место. Свесен сум дека затоа што сум Полјак морам да бидам среќен со местото кое го освоив годинава“, изјави Левандовски.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .