Левандовски му предложи тренер на Баерн: Тој е вистинскиот човек за нас

Управата на Баерн Минхен активно бара тренер, откако на Нико Ковач му додели отказ. Додека се именува новиот тренер привремено решение е досегашниот асистент Ханс Диетер Флик.

Најдобриот фудбалер на баварците, Роберт Левандовски и предложи на управата на клубот да му даде шанса на Ханс Диетер Флик до крајот на сезоната.

„Верувам дека тој е вистинскиот човек. Треба да добие шанса, барем до крајот на сезоната. Сите во тимот одлично функционираме. Флик покажа дека си ја знае работата“, изјави Полјакот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .