Левандовски го сруши рекордот на Герд Милер од пред пола век! (ВИДЕО)

Неверојатниот полски напаѓач Роберт Левандовски стана најефикасниот стрелец во една сезона во историјата на Бундеслигата и така го сруши рекордот на големиот Герд Милер поставен во далечната 1971/72 година.

Левандовски сезоната во елитната германска лига ја заврши со 41 постигнат погодок и сега има еден повеќе во однос на Милер. Напаѓачот на Баерн историскиот погодок го постигна во 90. минута во денешниот натпревар против Аугзбург (5-2).

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .