Леброн откри каде сака да ја заврши кариерата

Леброн Џејмс, една од најголемите ѕвезди во историјата на НБА лигата во која настапува веќе 18 години откри каде сака да ја заврши богатата кариера. Во сегашниот тим Лос Анџелес Лејкерс.

„Се надевам дека ќе можам да ја завршам кариерата во Лејкерс. Без оглед на фактот за колку години, четирир, пет, шест, седум. Се надевам дека ќе можам да продолжам да игра. Би сакал да сум дел од Лос Анџелес, моето семејство го обожува овој град“, изјави Џејмс.

Договорот на „кралот“ со „езерџиите“ истекува во 2023 година, а до тогаш ќе заработи 85.000.000 долари.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .