Леброн ита према Карим Абдул – Џабар

Леброн Џејмс во синоќешната победа на Лос Анџелес Лејкерс над Њу Орлеанс Пеликанс повторно одигра одличен меч. „Кралот“ натпреварот го заврши со 29 поени и 11 асистенции и повторно оствари еден голем јубилеј.

Џејмс стана четвртиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој успеал да ја помине границата од 33.000 поени, а во моментов има учинок од 33.008 поени. Тоа значи дека пред него останаа уште тројца кошаркари.

На третата позиција се наоѓа Коби Брајант со 33.643 поени, Карл Мелоун е втор со 36.928 поени, а на првото место се наоѓа Карим Абдул – Џабар со 38.387 поени. Иако „кралот“ веќе има 35. години, сите очекуваат тој да го нападне рекордот на Џабар. Леброн е во одлична форма, а сите знаат дека планира да игра уште неколку години, тогаш не би било чудно кариерата како прв стрелец во историјата.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .