Лацио со победа се врати во ЛШ: Дортмунд матиран во Рим! (ВИДЕО)

Римски Лацио со стил се врати во Лигата на шампионите по долгата пауза, откако на домашен терен, на култниот „Олимпико“ ја совлада Борусија од Дортмунд со рутинирано со 3-1.

Момците на Симоне Инзаги повторно играат убав фудбал, а поведоа преку феноменалниот капитен Чиро Имобиле кој одлично ја искористи асистенцијата на аргентинскиот репрезентативец Жоакин Кореа уште во 6. минута.

До двојното водоство стигнаа веќе во 23. минута по една мешаница во шеснаесетникот на „милионерите“ и несреќниот автогол на голманот Марвин Хитц. Ерлинг Халанд го намали резултатот во 71. минута со ефектниот погодок. Сепак, резеверистот Акпа – Акпро стави точка на натпреварот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .