Милан долго време беше лидер во Серија А. „Росонерите“ одлично ја започнаа сезоната и како одминуваше времето станаа главни фаворити за скудетото, но притисикот очигледно беше преголем за нив.
Вечерва Милан забележа нов пораз, втор во низа и тоа од конкурентот за местата кои водат во Лигата на шампионите – Лацио, кој на домашен терен на „Олимпико“ беше безмилосен и со убедлива победа (3-0) ги испрати „росонерите“ на петата позиција.
Милан има 66 бодови, колку што има четвртиот Јувентус и третиот Наполи на пет кола до крајот.