Лацио го враќа миленикот на навивачите

Веќе нема дилеми, се чека само официјална потврда. Фелипе Андерсон поранешниот играч на Лацио и миленик на навивачите се враќа во Рим, откри Бразилецот на социјалните мрежи.

Според угледниот Џанлука ди Марцио, Римјаните ќе мораат да му платат обесштетување на Вест хем затоа што договор на Андерсон со „чеканите“ важи до 30. јуни 2022 година.

Крилниот напаѓач го носеше дресот на „небесносините“ во перидот од 2013 до 2018 година, кога Вест хем го откупи за 38.000.000 евра. До пред две години беше стандарден, сепак потоа го изгуби местото и отиде на позајмица во Порто каде што не се прослави.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .