Лапорта: Суперлигата е неопходна

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта долго време избегнуваше да даде одговор во врска со основањето на Суперлигата, во која членува и неговиот клуб. Сега Лапорта конечно проговори и порача дека едно вакво натпреварување е неопходно.

„Оваа лига е неопходна, но последниот збор ќе го имаат нашите партнери. Големите клубови многу придонесуваат и ние мораме да го кажеме своето кога се работи за распределба на финансиските средства. Тоа мора да биде атрактивно натпреварување кое ќе се заснова на спортските резултати. Се бориме националните првенства и отворени сме за дијалог со УЕФА. Потребни ни се повеќе ресурси за да го направиме ова големо шоу. Мислам дека ќе дојдеме до разбирање“, кажа Лапорта.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .