Лапорта: Ситуацијата околу Меси ме растажува премногу…

Претседателот на Лапорта ја поздрави одлуката на членовите на клубот и најави дека ова лето ќе се состави конкурентен тим од страна на тренерот Чави, но за време на обраќањето, неминовно било да се отвори и прашањето „Лионел Меси“ кое носи горчина во клубот веќе една година.

Капитенот си замина од Барса поради лошата финансиска ситуација како слободен агент и премина во ПСЖ, но после сите огромни успеси и трофеи, не доби ниту испраќање како што му доликува.

“Ме растажи тоа што се случи и се уште ме растажува. Меси даде се за Барселона и вашата анализа за Лео е многу коректна. За мене, Лео секогаш ќе биде Барселона, но околностите не натераа да го направиме тоа што го направивме. Сепак, тоа не може да наштети на него, мора да му оддадеме признание порано или подоцна и да добие испраќање. Се надевам дека тоа ќе го направиме што порано, дека ќе можеме сите јавно да му оддадеме почит за сите години слава. Последните 20 години во Барселона немаше да бидат исти без него, тој е камен темелникот на нашите успеси. Ситуацијата со него ме растажува и се додека не го решиме тоа ќе биде така. Во секој случај ќе добие признание и испраќање како што заслужува, пред сите на стадионот, само така ќе се смирам,” – најави Лапорта

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.