Ланзини со ЕВРОЛОГОТ го упропасти Мурињо: Тотнем испушти три гола предност во 10 минути!

Неверојатно лондонско дерби се одигра вечерва во 5. коло од англиската Премиер лига каде Тотнем не успеа да стигне до трите бодови против Вест хем (3-3).

Избраниците на Жозе Мурињо веќе во 16. минута имаа три гола предност (3-0) со погодоците на Сон и двата на Кејн. Меѓутоа, невиден кам – бек направија „чеканите“ во последните 15 минути од натпреварот.

Прво Балбуена во 82. минута намали, три минути подоцна колумбискиот дефанзивец Дејвисон Санчез си постигна автогол, а шокот го комплетираше Аргентинецот Мануел Ланзици со фанстастичниот погодок во 94. минута израмни на 3-3.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .