Лампард со порака до Мурињо: Никогаш нема да бидам тренер на Тотнем

Тренерот на Челси, Френк Лампард за медиумите од Островот изјави дека никогаш не би го следел примерот на Жозе Мурињо и не би седнал на клупата на големиот ривал на „сините“, Тотнем.

„Со сигурност можам да кажам дека никогаш нема да бидам тренер на Тотнем, а знам дека така ќе биде и за 10 години. Тоа нема да се случи. Случајот на Жозе е различен. Тој работеше во многу клубови и мораме да ја почитуваме неговата одлука. Од друга страна, јас поминав 13 години во редовите на Челси како фудбалер и сум длабоко врзан со овој клуб“, кажа Лампард.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .