Лазаров: Нема изговори, против сите одиме на победа

Ракометната репрезентација на Македонија доби тешки противниците на синоќешната ждрепка за ЕП 2022, а ривали во групата ќе ни бидат светскиот првак Данска, Словенија и Црна Гора.

Селекторот, а воедно и капитен, Кирил Лазаров изјави дека ќе се подготват максимално и дека на секој натпревар ќе одат на победа.

„Нема изговори, одиме по потешкиот пат. Се ќе зависи од нас и од тоа колку ние ќе успееме да го кренеме нашето ниво до јануари. Противниците се тие кои се, нема многу да се отповаруваме со нив. Ќе се подготвиме максимално и ќе играме на секој натпревар на победа. Ми се допадна една изјава што денеска ја прочитав од еден од лидерите на тимот, Николче Митревски: „Ако играме како што умееме не е важно кој ќе ни биде ривал“. Тоа е вистината, ние од утре почнуваме со подготовки за ЕП“, кажа Лазаров.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.