Кутињо се враќа во Премиерлигата?

Барселона скапо го плати Филипе Кутињо, а Бразилецот не ги оправда очекувањата. Затоа каталонците минатото лето одлучија да го позајмат фудбалерот од средниот ред на германскиот гигант Баерн.

Баварците ќе имаат предност да го откупат поранешниот фудбалер на Ливерпул на крајот од сезоната, но по се изгледа ќе имаат конкуренција во Тотнем.

Англиските медиуми пишуваат дека „петлите“ веќе некое време го следат Бразилецот. Тренерот на Тотнем, Маурицио Покетино добро го познава Кутињо,а тие заедно соработуваа во Еспањол.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .