Куп: Академија Пандев го исфрли Вардар со гол во последната минута!

Македонскиот фудбалски првак Вардар многу рано, уште во осминафиналето го заврши настапот во Купот на Македонија откако со голот на Никола Серафимов во 92. минута загуби од Академија Пандев.

Ренова и Пелистер ремизираа во регуларните 90. минути (2-2), но тетовчани беа подобри во изведувањето на пеналите 6-5 . На ист начин беше решен и мечот Струга ТЛ – Работнички на кој немаше голови (0-0), а беа попрецизни во ударите од белата точка .

Во другите натпревари од осминафиналето од Купот, Беласица славеше минимално кај Брегалница (0-1), Силекс го совлада Кожуф во Гевгелија (1-3), Македонија Ѓорче Петров пак убедливо ја совлада Каменица Саса со 6-0. Шкендија минимално славеше против Гостивар, додека Шкупи лесно славеше против Кит Го со 5-0.

ОСМИНАФИНАЛЕ КУП НА РМ

Академија Пандев – Вардар 1-0

Брегалница – Беласица 0-1

Кожув Гевгелија – Силекс 1-3

Ренова – Пелистер (2-2) 6-5

Шкендија – Гостивар 1-0

Шкупи – Кит Го Пехчево 5-0

Струга ТЛ – Работнички (0-0) (4-3)

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .