Куман се пожали: Тој играч ме навредуваше

Каталонскиот великан Барселона синоќа изненадувачки загуби на гостувањето кај Гетафе (1-0), а тренерот на клубот од „Камп ноу“, Ронал Куман се пожали од односот на фудбалерот на домаќините Алан Ниом.

„Му кажав на тренерот на Гетафе Жозе Бордалас дека играчот со број 12 искажа непочитување, два три пати ми кажа такви гадни работи кои нема да ги повторам. Ме навреди. Му кажав на Борадалс дека мора да разговара со своите играч затоа што не можеме да толерираме такво однесување во модерниот фудбал“, изјави Куман.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .