Куман: Би сакал да бидам тренер на Барса, но после Европското првенство

Селекторот на холандската репрезентација, Роналд Куман кажа дека би сакал да биде тренер на Барселона. Тој како играч шест сезони беше дел од „блауграна“ и знае како функционираат работите на „Камп ноу“.

„Во моментов сум селектор на Холандија и малку ми е чудно да зборувам за некој други опции затоа што никогаш не знаете што може да се случи. Постои можност да бидам тренер на Барселона, но после Европското првенство“, изјави Куман.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .