Феникс Санс после пауза од 28 години повторно ќе игра во финалето на НБА лигата благодарение на Крис Пол кој синоќа во шестиот натпревар против Лос Анџелес Клиперс уфрли 41 поен.
Клиперси едноставно не можеа да се справат со него, а фрустрацијата излезе на виделина кога Патрик Беверли беше исклучен од игра поради неспортскиот старт од зад грб врз Пол…