Кузма го продолжи договорот со „езерџиите“

Раководството на Лос Анџелес Лејкерс одлучи да го продолжи договорот со 24- годишниот бек-шутер Кајл Кузма за уште една година.

Кузма ќе остане во „Стејплс центарот“ и за сезоната 2020/21 и ќе добие 3,5 милиони долари за една сезона. Тој беше избран како 27- ми пик на драфтот во 2017 година од „езерџиите“. Кузма во досегашниот дел од кариерата остваруваше по 17,3 поени, 5,9 скока и 2,2 асистенции по натпревар.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .