Кристијано Роналдо нема да присуствува на доделувањето на Златната топка

Познато е кој ќе ја освои Златната топка годинава, а според информациите тоа ќе биде Лионел Меси кој ќе биде прогласен за најдобар фудбалер за 2019. година. Ова за Аргентинецот ќе биде шеста Златна топка во кариерата.

Светските медиуми пишуваат дека најголемиот ривал на Меси, Кристијано Роналдо ќе заврши тек четврти, а пред него ќе завршат Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах. Новинарите шпекулираат дека токму поради оваа причина Португалецот вечерва нема да присуствува во Париз на доделувањето на наградите.

Место во Франција, Роналдо ќе биде во Милано каде исто така се доделуваат награди за најдобрите фудбалери во Серија А, а Португалецот е прогласен за МВП на италијанското првенство.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .