Кривцов: Не треба да ја потцениме Македонија

Дефанзивецот на украинската репрезентација, Сергеј Кривцов смета дека голема грешка ќе направат ако ја потценат Македонија во денешниот меч од ЕВРО 2020.

„Фокусиран сме и размислуваме за следниот противник. Многу зависи од оваа средба. Оние кои играа против Холандија имаа тренинг за закрепнување, други максимално го одработеа тренингот. Во иднина, ќе работиме на тактички план за натпреварот со Македонија. Нема слаби екипи на Европското првенство. Во Македонија има многу играчи кои играат во европски лиги. Не треба да ги потценуваме“, кажа Кривцов.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.