КРАЈ! Шок од Каталонија: Преговорите прекинати, Меси СИ ОДИ од Барселона!

Иако очекувањата беа дека потписот на новиот договор е само формалност, сепак Лионел Меси не бил никогаш подалеку од Барселона, за која како стојат работите веќе нема да игра!

Барем така тврди угледната шпанска „Марка“ која на својата насловна страна објави дека договорот помеѓу Меси и Барселона е невозможен. Според информациите, претседателот на Барса, Жоан Лапорта е свесен дека го изгубил Меси и дека во моментов само се бара начин како да се соопшти оваа вест на јавноста.

Потсетуваме, на Аргентинецот му истече договорот ова лето.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.