Крај на сапуницата: Алиоски потпиша за новиот клуб!

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски летово беше на слатки маки. На дефанзивецот му истече договорот со англискиот премиерлигаш Лидс, па како слободен играч беше интересен за многу богати клубови.

Сега според угледниот турски весник „Фанатик“, Алиоски решил која понуда да ја прифати. Имено, Алиоски наводно денеска веќе го потпишал три годишниот договор со истанбулскиот тешкаш Галатасарај, а деновиве ќе биде официјално презентиран како нов фудбалер на овој клуб.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.