„Кралот е мртов“, НБА шампионот во АУТ: Букер и компанија ги ИСФРЛИЈА Лејкерси од плејофот! (ВИДЕО)

Шампионот на НБА лигата, култната франшиза Лос Анџелес Лејкерс е елиминиран од борбата за титулата во плејофот, откако го загубија четвртиот натпревар во серијата против Феникс Санс, кој славеше во „Стејплс центарот“ со 100:113 за победа со вкупен резултат 2-4.

Ретки беа тие кои што очекуваа дека „езерџиите“ ќе испадната уште во првата рунда во плејофот, меѓутоа, проблемите со повредите скапо ги чинеа Лејкерси, поготово ако тоа се клучните два играчи – Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Кошаркарите на Френк Вогел немаа решение за неверојатниот Девин Букер кој мечот го заврши со дури 47 поени, но и 11 скокови. На спортивната страна Леброн не можеше сам, а мечот го заврши со 29 поени, девет скокови и седум асистенции.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .