Корона и во Баерн: Гнабри позитивен, сите на тестирање, а вечерва играат против Атлети!?

Германскиот првак Баерн од Минхен потврди дека Серж Гнабри бил позитивен на корона – вирус на синоќешното тестирање. Тој веднаш бил спроведен во изолација, се наоѓа дома и нема симптоми.

Сепак, проблемот е што синоќа тренирал со остатокот од екипата, а вечерва Баерн на домашен терен го пречекува Атлетико Мадрид. Мечот не е доведен во прашање, ќе се одигра, но останува да видиме што ќе покаже денешното тестирање и дали баварците ќе бидат додатно ослабени.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .