Конте си замина, познат неговиот наследник

Вчера беше тежок ден за навивачите на Интер, полн со пресврти, кој на крајот резултираше со заминување на Антонио Конте од тренерската функција, поради несогласување околу играчкиот кадар следната сезона, но и најавеното намалување на платите.

Иако главни кандидати за тренерското столче беа Симоне Инзаги и Макс Алегри, сепак според сегашните информации, нов тренер на Интер ќе биде Марсело Гаљардо.

Тренерот на Ривер Плата веќе седма сезона е на клупата на аргентинскиот великан и веќе некое време се зборува дека ќе си ја проба среќата и во Европа, а Интер би бил идеален предизвик за неговата кариера.

Инаку, Гаљардо како играч остави траг на Стариот континент каде што го носеше дресот на ПСЖ и Монако.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .