Конте не се откажува од Суперлигата: УЕФА мора да обезбеди повеќе пари за клубовите!

Фијаско му се случи на новиот фудбалски проект, наречен „Суперлига“, откако клубовите за само два дена се откажаа или го одложија стартот на натпреварувањето.

Антонио Конте, тренерот на Интер еден од учесниците во новиот проект даде јасен знак дека нешто мора да промени УЕФА, за клубовите да добијат поголеми финансиски средства.

„Спортот секогаш треба да биде заснован на меритократија, но УЕФА не обезбедува доволно пари за клубовите. Едноствано, на клубовите мораат да им бидат доделени поголеми финансиски средства. УЕФА не инвестира средства, тоа го прават клубовите“, категоричен беше Конте.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .