Конте до Пандев: Не се пензионирај, имаш уште многу да му дадеш на фудбалот

Горан Пандев повторно ги полни страниците на италијанските весници. Капитенот на Македонија синоќа со двата погодоци против Беневенто, успеа да стигне до јубилејниот стотти погодок во Серија А.

По натпреварот, Пандев преку медиумите на Апенините, разговараше со Антонио Конте, тренерот на неговиот поранешен клуб Интер, кој му порача да одигра уште една сезона во калчото.

„Не се пензионирај, имаш уште многу да му дадеш на фудбалот. Се додека тренинзите не ти се товар, остани во фудбалот. Јас минатата година го посакував Пандев во Интер, но ете се гледа дека е исправен неговиот потег за останување во Џенова“, му порача Конте на Пандев.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.