Конечно: Кармело Ентони најде нов клуб!

Еден од најдобрите поентери во историјата на НБА лигата, Кармело Ентони најде нов клуб во најсилната кошаркарска лига во светот.

Последен клуб во кој играше Ентони беше Хјустон, а според инофрмациите на американските медиуми негов нов клуб ќе биде Портланд Треилблејзерс.

Крилниот кошаркар ќе добие негарантиран договор според кој ќе заработува 14.490 долари дневно. Искусниот играч има шанса да покаже што знае до 7. јануари кога договорот ќе може да стане постојан.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .