Конечно гол на Вернер, за големи три бода на Челси во лондонското дерби против Вест хем! (ВИДЕО)

Челси стигна до огромна победа во градското лондонско дерби против Вест хем (0-1). „Чеканите“ освен што се вековни непријатели на „сините“, туку сезонава се борат за местата кои водат во Лигата на шампионите, а пред овој натпревар големите ривали имаа ист број на бодови.

Победничкиот погодок го постигна сезонава прекритикуваниот Тимо Вернер. Германскиот напаѓач ја затресе мрежата на Вест хем во 43. минута. Челси сега има 58 бодови, три повеќе од Вест хем, а четири во однос на Ливерпул

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .