Конечно: Бокан заедно со уште 11 клубови ја одблокираше сметката на АБА лигата!

Контроверзниот претседател на Кошаркарскиот клуб Будуќност, Драган Бокан и неговиот адвокатски тим, во соработка со останатите клубови успеаа да ја одблокираат сметката на АБА лигата.

Според информациите на „Vijesti“ клубовите повторно на располагање ќе ги имаат средствата во загребачката „Raiffeisen banci“ и на тој начин им е овозможено несметано работење и исполнување на финансиските обврски.

На минато неделниот состанок, 11 од 14 клубови членки го подржаа и овластија Бокан, во името на АБА лигата со правниот тим да го застапува ова регионално натпреварување и да се обиде да ја деблокира сметката која беше блокирана од страна на Небојша Човиќ, првиот човек на Црвена звезда.

Клубовите кои ја подржаа оваа одлука се Цедевита олимпија, Морнар, Партизан, Задар, Мега, Игокеа, Приморска, Крка, Будуќност воли, Борац и Сплит.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .