Конате – прво засилување на Ливерпул!

Угледниот италијански новинар Фабрицио Романо, објави дека Ливерпул го завршил трансферот околу ангажманот на дефанзивецот на РБ Лајпциг, Ибрахима Конате, а официјалната потврда би требало да пристигне во следните денови.

Младиот француски дефанзивец ги договорил личните услови со „црвените“ и ќе потпише петгодишен договор со важност до летото 2026 година.

21 – годишниот Конате ги помина сите младински селекции на „триколорите“, а во Лајпциг пристигна во 2017 година од Сошо.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.