Конами го раскина договорот со Гризман поради расистичкиот скандал

Познатата јапонска фирма Конами која е позната поради тоа што ја произведе позната фудбалска игра ПЕС, а воедно е една од главните фирми на Барселона, го раскина договорот со Антоан Гризман поради снимката која протече во јавноста.

Имено, на спорната снимка од пред неколку години Гризман заедно со Усман Дембеле на расна основа ги навредуваат работниците во Азија.

Токму затоа Конами одлучи да го раскине договорот со Гризман, а од фирмата побараа од Барселона да објави соопштение во кое ќе го објасни однесувањето на своите играчи, додека во спротивно ќе бидат принудени да ја раскинат соработката со нив.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .