Кои натпревари ќе ги пропушти Роналдо?

Фудбалската Федерација на Португалија денеска објави големи вести кои се однесуваат за една од најголемите фудбалски ѕвезди во моментов – Кристијано Роналдо.

Напаѓачот на Јувентус е позитивен на корона – вирус, а тоа го покажале последните рутински тестирања, по што го напуштил кампот на португалската репрезентација.

Роналдо во моментов се чуствувал одлично и не покажувал никакви симптоми, но ќе мора во изолација во наредните 14 дена. Тоа значи дека ќе го пропушти мечот против Шведска во рамките од Лигата на нациите.

Што се однесува до Јувентус, „старата дама“ ќе мора без својот најдобар фудбалер да му гостува на Кротоне во сабота, а исто така без Роналдо ќе бидат и за мечот од Лигата на шампионите против киевски Динамо.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .