Кога Рамос зборува никој не смее да „зуцне“: Капитенот на Реал ги строел двете ѕвезди!

Да не беше победата во големото „Ел Класико“ против Барселона, Реал Мадрид дефинитивно ќе беше во голема криза. Но, и покрај победата во најважниот натпревар не е се како што треба помеѓу „кралевите“.

Доказ за ова е очајниот старт во Лигата на шампионите каде во првото коло сензационално загубија во Мадрид од Шахтјор, додека во второто, спасуваа „жива глава“ во Гладбах кај Борусија.

Сега угледниот „Daily Mail“ пренесува дека дошло до судир во соблекувалната на шпанскиот првак. Капитенот на Реал, Серхио Рамос ги построил двете ѕвезди на клубот Марсело и Иско поради нивните очајни настапи.

Рамос прво се судрил со сонародникот, а потоа и на Марсело кој како заменик капитен мора далеку подобро. И Зинедин Зидан е незадоволен од игрите на двајцата фудбалери кои во синоќа не добија шанса за настап.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .