„Кога викаат „убиј го Србинот“ сите сте на нозе, а кога скандираат за мене нема реакција“ (ВИДЕО)

Легендата на хрватскиот фудбал Игор Штимац за угледниот портал „Index.hr“ даде контроверзна изјава која одекна на Балканот. Имено, тој се пожали за реакцијата на надлежните органи кога се скандира „убиј го Србинот“ и за реакцијата кога тој е навредуван.

„Јас слушнав „Штимац Турчине“, како тоа не ве боли…Напуши се…Кој знае што. Не сум видел некои казни да им стигнат на навивачите кои тоа го скандираат. Кога вас не ве навредуваат, кога не сте симпатични во контекст на времето, тогаш никој тоа не го потенцира. Никој не зборува дека се работи за омраза и дискриминација. Сите се на нозе кога ќе се случи скандирање против спрското малцинство“, изјави поранешниот хрватски селектор.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .