Клоп се откажа од дури осум играчи во Ливерпул

Англискиот гигант Ливерпул ги започна подготовките за новата сезона. Клубот од „Енфилд“ ќе има комплетно различен состав идната сезона.

Менаџерот на тимот Јирген Клоп мора да се откаже од дури осум фудбалери, за да може заработените средства да ги пренасочи кон ангажман на свежа „крв“, а веќе познато е кои играчи се на трансфер листата.

Клубот најверојатно ќе го напуштат Џердан Шакири, Лорис Кариус, Марко Грујич, Хари Вилсон, Нечо Вилијамс, Шеји Оџо, Бен Вудборн и Тиаго Агонији. Нормално, ова се играчи кои се во втор план, па затоа навивачите на Ливерпул можат да останат мирни.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.