Клоп: Ова беше врвно издание на Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше презадоволен поради убедливата победа во мечот против Аталанта во Лигата на шампионите. „Црвените“ среде Бергамо славеа со убедливи 5-0.

„Ова беше изданието кое ни беше потребно. Момците одиграа неверојатен натпревар. И нападот и одбраната беа фантастични. На врвно ниво бевме и среќен сум поради желбата за победа која ја покажаа момците. Победивме со 5-0, но Аталанта можеше да стигне до погодок. Сепак, Алисон беше одличен со три феноменални интервенции“, изјави Клоп.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .