Клоп: Ниту Сити, ниту Јунајтед немаше да бидат шампиони, да беа на наше место

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека двата манчестерски клубови, Јунајтед и Сити не би ја освоиле титулата во Премиер лигата, ако имале проблеми со повредите какви што имаа „црвените“ сезонава.

„Со нашите повреди, ова едноставно не беше година во која можевме да станеме шампиони. Не само ние, туку никој не би бил прв ако бил во ситуација како нашата. Колку и да се добри, ако Сити останеше без тројца стандардни дефанзивци одеднаш, немаше да ја освојат титулата сезонава. Ако Јунајтед останеше без тројца дефанзивци, ниту тие немаше да имаат добар резултат“, изјави Клоп.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .