Клоп: Мурињо очајнички сакаше да се врати

Тренерот на европскиот шампион Ливерпул, Јирген Клоп разговараше со медиумите од Островот пред мечот од 13. коло од Премиерлигата каде му гостуваат на Кристал Палас. Германецот зборуваше и за својот колега Жозе Мурињо на кого му посака добредојде.

„Добредојде назад Жозе. Убаво што се врати. Очајнички сакаше да се врати. Ова е доказ дека работите многу брзо можат да се сменат. Покетино беше одличен во Тотнем, тој е неверојатен тренер“, изјави Клоп.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .