Клинсман за шансите да седне на клупата на Спарс: Се е можно!

Легендарниот германски голгетер Јирген Клинсман, неочекувано се најде помеѓу кандидатите за менаџеро на Тотенхем. Клинсман во минатото во два наврати го носеше дресот на Спарси, а сега за прв пат ги прокоментира шпекулациите кои го врзуваат со клупата на клубот од Лондон.

„Ви кажувам, во животот се е можно. Никогаш не замислував дека ќе бидам селектор на Германија на Светско првенство. Ниту си помислував дека ќе ги тренирам САД. Како и дека ќе бидам тренер на Баерн. Но, сето тоа го доживеав. Така да ќе видиме за неколку месеци кој е биде тренер на Тотенхем“, изјави Јирген Клинсман.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .