Кирјос никогаш не бил волку БЕСЕН: Му го обиле автомобилот вреден 350.000 долари!

На контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос му се случила вистинска драма утринава, откако некој му го обил автомобилот вреден 350.000 долари и ги однел личните работи на познатиот тенисер.

Кога сфатил што се случува, Кирјос бил и тоа како бесен, па на Инстаграм напиша порака за крадецот.

„Значи, оваа порака е за олошот од Канбера. За среќа мојот автомобил не е уништен. Но, тој чини 350.000 долари и треба да се покаже некоја почит. Ми проваливте во автомобилиот, ми ја земавте облеката, новчаникот и некои основни работи. Јас картиците ќе ги откажам, но тоа се работи за кои напорно работев. Покажете ми малку **ена почит, не сум јас крив што сте несреќни со својот живот“, напиша Кирјос.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .