Кире: Швајцарите ме изнервираа, заборавија на нашата победа против Данска

Селекторот на македонската ракометна репрезетнација, воедно и капитен, Кире Лазаров не го криеше задоволството од синоќешната победа над Швајцарија.

Кире за медиумите откри дека дополнителен мотив за него и соиграчите претстатвувале потценувачките изјави на Швајцарците.

„Искрено, ме изнервираа тие изјави на швајцарските репрезентативци, кои говореа дека биле блиску до триумф со Данска. Очигледно заборавија дека ние пред неколку месеци ја победивме Данска, дека треба да покажат повеќе почит кон нас. Задоволен сум, останавме чесни пред нас, се боревме до самиот крај и сметам дека заслужено победивме“, кажа Лазаров.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .